20 октомври ќе биде запишан како еден од поуспешните денови во охридската спортска историја поради двојната победа над лутиот ривал Струга. Во пресрет на ракометното дерби на Градскиот стадион „Билјанин Извори“ фудбалерите на Охрид со 3-0 го преслушаа струшки Караорман. За победата и максималниот ефект од девет победи во исто толку одиграни мечеви во Третата лига охридските фудбалери добија заслужен аплауз и овации од публиката.

Трета МФЛ: Охрид го растури Караорман

Обновено: „Гладијаторска“ победа на Охрид во „Езерското“ дерби со Струга !

Мх.П.
Фото: Емилио