Топлото и сончево време во текот на вчерашниот ден го претворија паркот на охридскиот кеј во вистинска плажа.

Голем број туристи и мештани во друштва или во парови се сончаа на тревникот и на клупите, а имаше и такви кои под длабоките сенки на дрвјата имаа поставено столчиња и маси за пикник.

Дел од градскиот парк, во екот на туристичката сезона се користеше како плажа и во текот на претходните неколку лета.

OhridNews