Цвеќиња, пчелички, пеперутки, штркови, буба мари го исполнија градскиот плоштад по повод Денот на пролетта.

Со песна и игра дечињата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“  ја дочекаа пролетта и со својата изведба на музичко- ритмички точки ги воодушевија присутните кои ја проследија манифестацијата „Да ја дочекаме пролетта“.

 

Кон градскиот плоштад се упатија и најмладите од основните училишта, носејќи најразлични маски и славејќи го првиот ден од пролетта.

OhridNews