Час и половина публиката уживаше во стендап шоуто на Никола Тодороски „Artificial intelligence natural stupidity“ што се одржа синоќа во култниот охридски клуб Џез Ин. Материјалот кој Никола успешно го изведуваше на стотици сцени изминатиот период, синоќа беше филмуван од „Зебра“ продукција и наскоро ќе се најдена продажба на онлајн платформите.

Фото: А. Момироска

На настапот на Никола претходеше настап на веќе добро познатите стендап комичари од локалната сцена: Зоран Донев, Јован Цветкоски, Илија Богданоски и Никола Сиљаноски, кои одлично ја забавуваа публиката.

Оваа екипа, засилена со Импровокација и „Two mothers brothers“, како и други гости, наскоро го стартува стендап маратонот, исто така во Џез Ин.

OhridNews
Фото: А. Момироска