Прекрасно музичко уживање со безвременските композиции од најпознатите анимирани филмови на „Дизни“, приредија младите музички таленти од ООМУ „Методи Патче“ на вчерашниот Новогодишен концерт во Дијамантската сала на хотелот „Инекс Олгица“.

Концертот беше инспириран од јубилејот 100 години од основањето на студиото „Дизни“ со чии ликови, приказни и музика растеа и растат низа генерации.
Во пресрет на новогодишните празници, учениците ООМУ „Методи Патче“ утревечер на 28.12.2023 година ќе одржат Новогодишен концерт и на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ со почеток во 18:00 часот.
OhridNews























