Во Кадмо Бар синоќа беше промовирана песнарката „Охридски Музички Бисерник – староградски песни“ од Андреј Лаброски, прерано починатиот член на ансамблот “Билјана”.
Во песнарката поместени се вкупно 66 композиции од кои 62 песни и 4 ора од охридскиот крај. Ова е монументално мелографско дело и прво од ваков карактер во Македонија кое е посветено на одреден ансамбл и географски регион.
Промотор на песнарката, единствена таква во Охридско, беше познатиот охридски хроничар и публицист Владо Жура.Тој направи своевидна хронологија на староградската музика во Охридскиот регион, осврнувајќи се на познатите чалгаџии Караѓуле и Садило, па се до мелосот во денешно време.


OhridNews
Фото: Емил Јовановиќ














