Македонската ракометна репрезентација ги промовише новите дресови со кои ќе учествува на Европското првенство кое ќе се одржи во Данска од 12 до 26 јануари. Дресовите се традиционални црвено и жолти, а трета варијанта се белите.

– Сакам да го изразам своето задоволство што ја продолжуваме соработката со Орка Холдинг и брендот „Ли Нинг“, па во Данска одново ќе ја носиме опремата на оваа компанија – истакна првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, а пренесува „Екипа.мк“.

Благодарност за новите дресови искажаа Филип Миркуловски и Филип Лазаров кои порачаа дека ќе водат голема битка за што подобро преставување на македонскиот ракомет во Европскиот крем.

– Во името на сите репрезентативци сакам да го изразам нашето задоволство поради продолжувањето на соработката со Ачибадем Систина, таа соработка за нас е од огромно значење и веруваме дека заедно ќе продолжиме кон нови успеси – потенцираше Лазаров.

Македонија во групата на континенталниот собир се наоѓа со домаќинот Данска, Чешка и Австрија.

Мх.П.