Фановите на Манчестер Јунајтед на аеродромот во Манчестер, Кристијано Роналдо го пречекаа со пароли “добре дојде дома“ и со дресови од “црвените ѓаволи“ на кои стоеше неговото презиме.


Португалецот пред да се пресели за рекордни 96 милиони евра во Реал Мадрид, шест години го носеше дресот на Манчестер Јунајтед и преставуваше лидер во освојувањето на трофеите. Тој откако замина истакна дека “Олд Трафорд“ е неговиот втор дом, а Сер Алекс Фергусон втор татко.

Реал Мадрид заедно со Роналдо во вторник во Манчестер во 1/8 финалето од ЛШ ќе имаат тешка задача бидејќи на Олд Трафорд, избраниците на Сер Алекс Фергусон не претрпеле пораз повеќе од 25 натпревари.

Мх.П.