Поголема група гостинки попладнево го запoседна паркот кај споменикот на Св. Наум Охридски во строгиот центар на градот. Се распослаа и тука ручаа пред очите на изненадените минувачи. Друга група, пак, туристи од далечниот исток, не ја пропушти шансата да го овековечи овој момент, за кој инаку верувавме дека му припаѓа на далечното минато.

Излет во природа и консумирање храна во парк во центарот на наголемиот туристички центар во земјата е нешто сосема различно. Но, парковите во центарот на Oхрид во сезона често се користат и за спиење и други активности, па оттаму логично се наметнува потребата од поголема ажурност на надлежните служби во општината, но и од формирање комунална полиција која ќе ги решава ваквите ситуации.

OhridNews