Навивачката група „Рибари“, повторно беше на посакуваното ниво и одигра клучна улога во убедливиот триумф на „гладијаторите“ во дерби пресметката со струшките ракометари. Во пресрет на почетокот од „Езерското“ дерби, „Рибарите“ со долго пиротехничко шоу го најавија влезот во салата и бодрењето на Охрид во текот на целиот натпревар.

Охридските ракометари им возвратија со иста мера на теренот победувајќи го ривалот со убедливи 28-10. Со мали исклучоци и интервенции на полицијата, дербито помина во знакот на нормалата и го задржа високото ниво кое се постави минатата година.

Мх.П.

Реакции после „Езерското“ дерби

Обновено: Моќна победа на Охрид во „Езерското“ дерби!