Вечерва во Охрид провејува слаб снег, кој го разубави празничниот амбиент. Снежната покривка е незначителна, но затоа центарот на градот изгледа прекрасно.

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено, попладне и во вечерните часови ќе има нови врнежи од снег, позастапени и пообилни во западните делови. Само во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.

Во Охрид претежно облачно и студено, попладне и во вечерните часови ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 3 степени.

За време на викендот, ќе преовладува претежно суво и многу студено време, особено во недела и на почетокот на наредната седмица кога и дневните температури во поголем дел од земјава ќе се задржат под нулата.

OhridNews
Фото: А. Момироска