Досегашите висечки цветни декорации од видот петунија поставени на канделабрите во централното градско подрачје, се заменуваат со нови од видот сардела.
Како што информираат од ЈП „Охридски Комуналец“, овој цветен расад за прв се наоаѓа во асортиманот на расадникот, а според стручните лица, поднебјето има одлични предуслови за успешен раст и цветање.
Инаку, досега заменети се декорациите на 7 канделабри на булеварот „Туристичка“ и шест во чаршијата во близина на ТЦ „Амам“.
Од претпријатието најавуваат дека целосно ќе бидат заменети садниците и на останатите канделабри долж охридската чаршија.
OhridNews