Несовесни граѓани врзале корпа за отпадоци со кабел од столб на ул. „Димитар Влахов“, во непосредна близина на ОУ „Григор Прличев“.


Веројатно кабелот не е напонски, туку е дел од некаква друга инсталација, но идејата е загрижувачка, особено што на оваа фреквентна улица поминуваат ученици од најмала возраст, а во непосредна близина се наоѓа и градинката „Јасна Ристеска“.


Како и зошто кабелот завшил околу корпата за отпадоци не е познато, но е добро надлежните, доколку се работи за дефект или слично, соодветно да го решат проблемот.

Ohridnews