Врвните тениски мајстори Рожер Федерер и Рафаел Надал одиграа спектакуларен натпревар на фудбалски стадион во Кејп Таун пред 50 000 гледачи.

Дуелот кој заврши во корист на швајцарскиот тенисер со 2-1 во сетови беше дел од хуминатарниот настан кој го организираше фондацијата на Федерер. Сите средства собрани од тенискиот спектакл, фондацијата ќе ги донира за децата во Африка.

На средбата од двата големи ривали му претходеше еден ревијален натпревар на кој учествуваа најбогатиот човек на светот Бил Гејтс и комичарот Тревор Ноа.

Вкупниот број на гледачи кој проследија дуелот преставува нов рекорд. До сега најпосетен тениски натпревар беше дуелот Федерер – Зверев кој се одигра во Мексико пред 42 00 гледачи.

OhridNews