Со цел да се поттикне еколошката свест кај младите, како и да се развие чувството за естетика и припадност кон заедницата, во „ОУТУ Ванчо Питошески“- Охрид деновиве беа организирани низа креативни работилници кои ја поттикнаа фантазијата на учениците.

Тие од стар отпаден материјал дворот на училиштето го претворија во пријатно место за одмор и дружење на учениците.

Целта на оваа активност беше да се развие чувството на припадност и одговорност кон училиштето преку активности и неформална комуникација на учениците која доведе до зголемување на социјалните контакти, намалување на стереотипите и создавање на позитивна атмосфера, информираат од „ОУТУ Ванчо Питошески“.

Фото галерија: