Струга пулсира во ритамот на празниците. Иако локалната самоуправа и годинава не планира организиран дочек на Новата година на отворено, празничната атмосфера се чувствува насекаде. Најмногу во рестораните и кафетериите каде започнаа предновогодишните журки. На една таква налетавме во кафе барот „Адмирал“. Локалните „Global runners“ направија прекрасен штимунг кој го поткрена ионака доброто предновогодишно расположение.



Струга во празничен ритам

Ohridnews