“Невидениот“ гол на Холанѓенецот е уште еден доказ дека светската куќа на фудбалот ФИФА ја губи битката со технологијата и дека е вистинско време е да ја употреби на натпреварите ширум светот.
Непризнавањето на погодок на Ван Перси не влијаеше на конечниот резултат бидејќи Манчестер Јунајтед стигна до значаен триумф во трката за титулата во Премиер лигата.