Длабокиот, креативен и интелигентен хумор на познатиот стендап комичар Никола Тодороски, до солзи ја насмеа публиката на охридската премиера на новото шоу „ARTIFICIAL INTELLIGENCE NATURAL STUPIDITY”, – “ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПРИРОДНА ГЛУПОСТ“, што се одржа синоќа во исполнетата голема сала на центарот за култура „Григор Прличев“.
Шоуто имаше можност да го отвори младиот Младен, по што на сцената настапи Никола. Тој изведе нов материјал во кој има од се по нешто, но најмногу теми од секојдневниот живот, кои допираат до секого.
Публиката со долги аплаузи го наградуваше извонредно остриот хумор на Никола кој приреди шоу за кое долго ќе се зборува, потврдувајќи дека во моментов е најкомплетниот стендап комичар кај нас.
Шоуто „ARTIFICIAL INTELLIGENCE NATURAL STUPIDITY” е дел од балканската турнеја на Никола Тодороски кое ќе се реализира во пет држави и 23 градови.
OhridNews
фото: Анамарија Момироска



















