Со богодлужба што се одржа денеска во катедралната црква Св. Софија, на која присуствуваа бројни верници и гости од јавниот и политичкиот живот, беше заокружена централната прослава на јубилејот 1000 години од постоењето на Охридската Архиепископија, која е возобновена во лицето на Македонската православна црква – МПЦ.
фото: Томе Љушев – Шпанец
Со богослужбата чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со владиците од Светиот архиерејски Синод и свештенството на МПЦ.
– Охридската Архиепископија е една од древните помесни цркви, чие 1000-годишно постоење немало и нема друга цел освен единството на човекот со Бога. Токму поради тоа е и основана во лицето на Македонската православна црква. Нејзиното постоење не само што не претставува закана за постоењето на другите цркви, туку служи за усовршување на светиите и за изградување на Христовото тело. Таа тоа го покажа преку пастирското дејствување помеѓу поверениот и нарот, но и преку активното учество во борбите за зачувување на чистотата на православната вера. Не се сведувало постоењето на Охридската Архиепископија, како што и денес не постои во лицето на Македонската православна црква, за да биде нечија, да припаѓа, а со припаѓањето на едни да биде одземена на други. Постои за да биде дел од едната света соборна и апостолска црква за мирниот народ да го приведе кон тивкото пристаниште на Христа. – рече во обраќањето пред верниците поглаварот Стефан.
одбележан јубилјеот 1000 години постоење на Охридската Архиепископија
OhridNews
фото: Томе Љушев – Шпанец


























