Колони верници синоќа се слеваа кон храмовите на Македонската православна црква, по повод празникот посветен на Св. Климент охридски Чудотворец и Св. Пантелејмон. Голем дел го посетија духовното светилиште на Плаошник, каде по повод празникот се изнесуваат моштите на Св. Климент. 

По повод празникотсиноќа во Св. Климентовиот храм на Плаошник, Св. Пантелејмон, се одржа света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј.

Свечено, синоќа, беше и во црквата Св. Богородица Перивлепта, позната во народот и како Стар Св. Климент. Верниците на влезот од црквата беа пречекувани со благослов од свештено лице, палеа свеќи и се молеа за здравје.

Денешниот ден е посветен на Св. Пантелејмон кој бил лекар и исцелител и на кого Св. Климент ја посветил својата црква на Плаошник, а исто така на овој ден го празнуваме и споменот на Св. Климент, најголемиот меѓу учениците на Светите Кирил и Методиј, основачот на најстариот Универзитет, просветител кој писменоста и Христовата вера ги раширил низ Европа.

Г.М.