Чудна ситуација. Кај куќата на Зарчевци, на ѕидчето оставени (уредно) делови од облека, а нема никого. Се приближувам и гледам човек во вода. Беше попладне, 29-ти декември, температура на воздухот едвај над нулата, а на водата околу 7 степени. Успеав да направам неколку фотографии иако човекот не беше расположен за „позирање“. Дознав дека се вика Петар и од време на време се капел вака – „за здравје“. „Ритуалот“ го заврши за околу половина час, се облече и си замина.
Припремање
сапунење
плакнење
бришење
чудно место и време избрано за капење
Од охридските легендарни „капачи“ во секакви услови (па и најголем студ) секако најпознат е Ламбе Арнаудов кој и самиот во една прилика ни раскажуваше анегдота како го уплашил клисарот во Св. Јован Канео кога во 5 сабајле излегол од вода, а овој повикал – „Свети Јон, Свети Јон…“ Следното големо масовно капење ќе биде за Водици, на 19ти јануари.
Општина Охрид ги известува сите правни и физички лица кои имаат добиено средства за финансирање на програми и проекти од Одделението за култура на Општина Охрид за 2026 година, дека се должни да до...
Во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Ботун, Општина Дебрца, вчера, 13 септември, беа одбележани 30 години од осветувањето на манастирскиот храм посветен на Успението на Пресвета Б...
Охрид во јули годинава го посетиле вкупно 82 500 туристи, од кои 47 737 биле домашни, а 34 763 странски Вкупниот број на ноќевања изнесува 372 816 Од странските туристи најмногубројни биле Турците ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.