Попладнево ја затекнавме мобилната екипа на ЈП „Проаква“ како работи на „случај“. Пукната водоводна цевка на една од уличките која се спојува со ул. „Јане Сандански“. Не беа многу расположени за разговор. А како и би биле кога треба да се работи на отворено, при дожд и во кал. Од „фотките“ можете да се уверите во нашата традиционална „ефикасност“ и „организираност“. Се работи по добро познатиот систем – еден работи, тројца гледаат. Ги прашувам „како знаат кога е пукната цевка?“. Лаконски одговор – „ти како знаеше да дојш да сликаш, професионална деформација“.

Загубите на вода низ водоводната мрежа која ја одржува „Проаква“ се многу големи, посебно во Струга и околните села. Можеби потенцијалната и најавувана поделба на „Проаква“ помеѓу Охрид и Струга ќе донесе и подомаќинско работење т.е. помали загуби.

Би требало брзо да го решат проблемот

Ровокопачот внимателно копа да не направи поголема штета

„Прскат“ на сите страни

Еден работи – тројца гледаат!


Охрид, 20.12.2006
С. Костоски