Силниот ветер што во текот на вчерашното деноноќие дуваше во Охрид предизвика оштетување на голем број сообраќајни знаци и патокази. Неколку оштетувања забележавме во близина на ОУ „Братство и Единство“ каде откорнатите знаци го попречуваа нормалното одвивање на сообраќајот. Слични случаи биле забележани и на повеќе други улици. Сепак по начинот на кој беа срушени знаците кај основното училиште во Лескајца оправдан е сомнежот кај граѓаните дека не се работи за природна појава, туку дека некој намерно го направило тоа. А и не е прв пат.


Кој корне знаци, ветрот или „човекот“?

фото: Мирко Постоловски