Прославата на православната Нова година во Вевчани кулминира со традиционалниот Василичирски маскенбал. Повеќе од 800 луцидни вевчанци од горна и долна маала ги дочекаа своите мигови, за преку шега, но и мајтап, низ свои видувања да ја отсликаат македонската реалност. Во Вевчани денеска сите оние гости што се тука ќе можат да видат познати и непознати фаци, да препознаат јавни личности, смешни, но и трагични настани, што останаа печат во изминатата година.


Вевчански лудории

Ohridnews