Експлозии, специјални единици, хеликоптер, приведување-беа дел од сценариото на денешната тактичко-показна вежба која од страна на припадниците на МВР се реализира на градското пристаниште во Охрид.
фото: Тања Кувенџиска
Припадниците на Единицата за специјални задачи, Езерската полиција и Хеликоптерската единица, во рамки на одбележувањето на 7 Мај-Денот на македонската полиција, и презентираа на јавноста дел од своите професионални можности, ефикасно справувајќи се со едно сложено вежбовно сценарио во водите на Охридското езеро. Изведоа напад на пловен објект заради совладување и лишување од слобода на опасни лица.
„ Денеска имавме огромна чест овде во Охрид да зведеме една тактичко показна вежба во која ги покажаа своите капацитети Единицата за специјални задачи, Хеликоптерската единица и Езерската полиција и навистина беше прекрасно чувството ода се видат сите можности на македонските полицајци, пред се на специјалните единици и со тоа да покажеме дека сме подготвени да одговриме на било каков предизвик, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој ја следеше акцијата.
Одбележувањето на Денот на полицијата продолжува и утре на градскиот стадион во Штип каде припадниците на МВР ќе ги презентираат своите можности преку низа показни вежби.
ФОТО ГАЛЕРИЈА:
фото: Анамарија Момироска
Вежба на специјалните полициски единици на Охридското Езеро
OhridNews
фото: Тања Кувенџиска/Анамарија Момироска
































