Црквата „Свети Јован Канео“, едно од најрепрезентативните обележја на Охрид е мотивот на наградената фотографија што ја додели вчерашното издание на неделното издание на лондонскиот весник „Тајмс“.
Станува збор за фотографија на Стив и Џин Куртек, испратена до весникот на отворениот конкурс за најдобра фотографија, за потребите на специјалното издание за патувања „Treilfinders“.

Охрид и неговите природни убавини заедно со неповторливиот амбиент што го дава Охридското Езеро честопати е мотив на фотографии објавувани во најпознатите светски дневни весници и престижни специјализирани списанија.
OhridNews











