Четвртфиналните натпревари во фудбалскиот Куп на Германија, ќе се одиграат во вторник и среда.

Дербито на оваа фаза е дуелот на двете најдобри германски екипи, кои
минатата сезона играа во финалето – Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Пресметката на лидерот во Бундес лигата и бранителот на трофејот во
Купот, на програмата е во среда, од 20:30 часот, на „Алијанс арена“ во
Минхен.

Македонскиот репрезентативец, Николче Новески, во вторник, ќе ја
предводи одбраната на Мајнц на натпреварот со Фрајбург. Во вториот дуел
од вторничната програма Волфсбург е апсолутен фаворит во дуелот со
нисколигашот Кикерс Офенбах.

Покрај дуелот Баерн-Борусија во среда ќе се одигра и натпреварот помеѓу Штутгарт и Бохум.

Ohridnews