Францускиот парламент го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на „Фејсбук“.

„Франција ратификуваше! Ни остана уште Шпанија! Стануваме полноправна членка на НАТО!“, напиша Шекеринска.

Откако сите земји членки на алијансата ќе го ратификуваат протоколот, тој ќе треба да се најде на ратификација пред Собранието, со што земјата ќе стане членка на НАТО.

Неодамна од НАТО изјавија процесот на ратификација најверојатно ќе заврши на почетокот на следната година.

OhridNews