Со три нови натпревари синоќа и ноќеска продолжија елиминациските пресметки од шеснаесетфиналето на Светското првенство во фудбал. Пласман во осминафиналето изборија Франција, Норвешка и Мексико.
Франција убедливо ја совлада Шведска со 3:0 и без поголеми проблеми ја продолжи трката за светската титула. Норвешка беше подобра од Брегот на Слоновата Коска со 2:1, додека Мексико, пред својата публика во Мексико Сити, го елиминира Еквадор со сигурни 2:0 и обезбеди место меѓу 16-те најдобри репрезентации на турнирот.
Елиминациската фаза продолжува вечерва со уште три натпревари.
Од 18:00 часот Англија ќе се соочи со ДР Конго, од 22:00 часот Белгија ќе игра против Сенегал, додека по полноќ, во 02:00 часот, домаќинот САД ќе се сретне со Босна и Херцеговина.
OhridNews










