Во годишниот извештај на Freedom House, Македонија е во групата делумно слободни земји, со пад во оценката за политичките слободи во однос на претходниот извештај на оваа американска невладина организација за следење на демократијата во светот.

Во поглед на граѓанските слободи, Македонија ја задржа истата оценка односно три, а во групата делумно слободни земји се меѓу другите и Босна и Херцеговина, Косово, Украина, Молдавија. Од регионот во групата слободни земји се Србија, Хрватска и Црна Гора.

Извештајот на Freedom House покажува дека изминатата година во светот е забележан вознемирувачки пад на слободата. Севкупно во извештајот се оценува нивото на слобода во 195 земји, од кои 89 се слободни, 55 делумно слободни и во 51 земји нема слобода.

OhridNews