Бразилскиот интернационалец Филипе Мело е херој во минималната победа 1-0 на Галатасарај на гостувањето кај Елазигиспор. Во 89-та минута по стартот во казнетиот простор, директен црвен картон заработи голманот Муслера. Мело ја превзеде одговорноста да застане меѓу стативите. Тој на чудесен начин успеа да го одбрани пеналот на Туркгодан и донесе голема победа за “црвено жолтите“ во трката за титулата.

Мх.П.