Неколку фудбалери на Работнички настапувале допингувани на мечевите од Лигата Европа. Од европската куќа на фудбалот (УЕФА), според зборовите на спортскиот директор на клубот, Игор Ангеловски, засега само телефонски го известила Работнички, а во текот на денот треба да пристигне и факс со целосната документација.


 
 

– Добивме телефонски повик од УЕФА во кој не известија за овие случувања и сега очекуваме да добиеме официјален допис, за да знаеме за што точно се работи и кои фудбалери се во прашање. Ќе разговараме и со нашиот медицински тим, за да видиме дали тие препорачувале или давале некои лекови. Засега, официјално, немаме информација ниту за кои фудбалери се работи, ниту пак на која супстанца бил позитивен нивниот допинг тест“ – вели Игор Ангеловски за „ЕКИПА“.   

 
 

Како што пишува веб порталот Екипа.мк, се уште нема официјални информации, барем доставени до клубот, но неофицијално, се работи за Дино Најдоски и за Милован Петровиќ, фудбалерите кои најверојатно биле на допинг тест по натпреварот меѓу Работнички и Лацио во Скопје.

Ohridnews