Покрај одличната игра во текот на целиот натпревар француската екипа во последната минута прими погодок и ја остави Валенсија во живот, а само шеесет секунди подоцна Ибрахимовиќ стартуваше непромислено и заработи директен црвен картон.
На шведскиот репрезентативец му се заканува суспензија од минимум два натпревари, а со тоа ако ПСЖ ја елиминира Валенсија, Ибра ќе го пропушти првиот меч од 1/4 финалето. Судбината на Швеѓанецот е во рацете на дисциплинската комисија на УЕФА.