Во пријателски натпревар во Велес, футсал репрезентацијата на Македонија го надигра и убедливо го порази големиот фаворит, селекцијата на Србија со 6-2 (1-0).


Стрелци за Македонија : Мицевски 2, Агуши 2, Ранготов 1 и Левески 1. Головите за репрезентацијата на Србија ги постигнаа: Живановиќ и Раичевиќ. Со овој триумф им се реванширавме на нашите соседи за „тешкиот ” пораз што ни го нанесоа во претходното гостување со 6-1.

Селекторот Васко Скендеровски не го криеше задоволството од добрата игра и убедливата победа: – Работевме навистина добро во овој период и тоа ни носи резултати. Србија е силен и многу квалитетен тим и покрај поразот играше добро. Нашиот голман добро бранеше, контрата добро функционираше и на крајот навистина ги изненадивме.

Попладнево во спортската сала Форца , Македонија и Србија ќе го одиграат и вториот пријателски натпревар.

Ohridnews