Одличните игри на македонската футсал репрезентација не останаа незабележани во ФИФА која ја прогласи Македонија за тим на 2011 година. Нашата репрезентација играше одлично во претходните квалификации за ЕП каде стигна до елитните квалификации во Полска. Во пријателски дуели убедливо ја совладавме Србија и сега не очекуваат претквалификации за СП 2012г. во Тајланд.


Македонија направи скок на ФИФА листата од цели 16 места и сега е на 39-тото место во Светот. На УЕФА рејтинг листата бележиме скок од 7 позиции и сме 20-та селекција на стариот континент.


– Ова се одлични вести за нас. Доколку ги задржиме овие позиции за првпат ќе се најдеме во третиот шешир по квалитет при извлекувањето на групите за ЕП. Сигурно дека ова е нов мотив за нас да продолжиме да работиме макотрпно и да постигнуваме добри резултати. Во последните контролки вклучивме неколку млади талентирани играчи и во Октомври кога ги играме претквалификациите за следното Светско првенство со селекциите Франција, Ц.Гора и Швајцарија очекувам добар настап и освојување на првото место- изјави задоволен од убавите вести селекторот Васко Скендеровски.

Претквалификацискиот турнир се игра во Македонија од 19-23 Октомври.

Ohridnews