г. Тимотеј: Во скандалот со х. „Изгрев“ има замешани од МПЦ
23.12.08 09:28
Во скандалот со х„Изгрев тежок 6 милиони евра, се замешани и црковни лица смета митрополитот Дебарско-кичевски и портпарол на Македонската православна црква, г. Тимотеј. „Лично сметам дека архиепископот Стефан не знаел за криминалот во врска со со „Изгрев“, но не сум уверен дека тие околу него не се замешани“, изјави г. „Тимотеј“ во очи денешната седница на Синодот на која ќе се расправа за аферата „Изгрев“.
Иако постојат сомневања дека во случајот околу струшкиот хотел „Изгрев“ е вмешана и Македонската православна црква, засега нема уапсени црковни лица,. Членовите на светиот архиерејски Синод на МПЦ се сомневаат дека никој од црквата не знаел за криминалните случувања, за што најавија дека отворено ќе се разговара на денешната седница.
Главни осомничени во мега скандалот се косопствениците на ДОО „Миладинов“ Ѓорѓи и Димитар Миладинови,. Полицијата вчера приведе десет лица меѓу кои тројца судии од Основниот суд во Струга, нотари, адвокат, стечајниот управник во АД „Изгрев“ и претставник на консталтинг фирма од Охрид.
Македонската полиција ги сомничи двајцата сосопственици на фирмата „Миладинов“ ДОО дека за шест милиони евра ги оштетиле германската ЛХБ – банка и акционерите на АД „Изгрев“. МВР вчера поднесе кривична пријава против 16 лица, од кои 10 се приведни, а по две се трага.
Осомничените се товарат дека во периодот од 2002 до 2008 година сториле кривични дела „измама“, „измама при добивање кредит или друга погодност“, „перење пари“, „злоупотреба на службената положба и овластување” и „фалсификување на исправа“.
Сообраќајот на главниот патен правец од Тирана кон граничниот премин Ќафасан е во прекин поради сериозно оштетување и слегнување на мост на делницата кај Прењас, во источна Албанија Според информац...
На 21022026 година во 1245 часот, на улицата „Кленоец,“ во Охрид, лишено од слобода е 44-годишно лице од охридското село Долно Лакочереј При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници со...
Со традиционалниот детски маскенбал „Емшири 2026” кој се одржа на спортското игралиште „Тодор Александров” беше одбележан празникот Прочка во Велгошти Младите емширчиња со креативни маски инспирира...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.