Агентот имаше што да види и да му пренесе на Фергусон. Радамел Фалкао брилираше постигна два погодоци во победата од 5-0, а имаше уште неколку прилики за трет погодок. Сезонава Колумбиецот со 24 голови е трет стрелец во шпанската Примера, зад Лионел Меси 43 и Кристијано Роналдо 31 погодок.
Манчестер Јунајтед во Премиер лигата е на чекор од јубилејната 20-та титула, но Фергусон остана без “планираната“ титула во Лигата на Шампиони.
Шкотланѓанецот нема да жали пари за потписот на Фалкао, а можно е и некој фудбалер да се пресели од Олд Трафорд на Винсенте Калдерон.