“Црвените ѓаволи“ долго време го бараа патот до противничката мрежа. Се до 69-та минута кога нововлезениот Нани погоди од косо за предност од 1-0. Само три минути подоцна Чичарито по нафрлувањето на Нани зголеми на 2-0. Надежта за поволен резултат на “Олд Трафор“ ја остави Мекануф, кој постигна погодок во 82-та минута.