Манчестер Јунајтед забележа минимален триумф од 1-0 на гостувањето кај Сандерленд, на местото каде лани ја загуби титулата. Избраниците на Сер Алекс Фергусон до победата стигнаа со автоголот на Брамбл во првиот дел. На осум рунди до крајот само чудо може да ги спрече ѓаволите во освојувањето на 20- та титула во Англија.



Европскиот првак Челси претрпе минамален пораз 2-1 од Саумптетон и го загрози четвртото место кое води во Лигата на Шампиони. Во борбата за тоа место се и екипите на Арсенал и Тотенхем кои забележаа победа над Ридинг 4-1 односно Свонси 1-2.

Резултати : Сандерленд – Мен Ју 0-1, Мен Сити – Њукасл 4-0, Арсенал – Ридинг 4-1, Саумптетон – Челси 2-1, Свонси – Тотенхем 1-2, Вест Хем – ВБА 3-1, Виган – Норвич 1-0, Евертон – Стоук 1-0.

Табела : Мен Ју 77, Мен Сити 62, Тотенхем 57, Челси 55, Арсенал 53, Евертон 48. . .

Мх.П.