Законот за СЈО кој го договорија СДСМ и ДУИ, а сега ќе го „доиспеглаат“ со ДПМНЕ отвора бројни сомнежи. Дали ова значи дека се амнестираат Орце Камчев,Сашо Мијалков,Антонио  Милошоски, Али Ахмети, Бујар Османи?, велат од Граѓанско Демократската Унија.

  • СЈО беше создадено да ја открие корупцијата, по сето она она што го слушнавме како работела претходната власт. Но како што се тргнало со амнестирање, селективност и со скандалозните судски одлуки, никој нема за ништо да одговара во оваа држава. Граѓаните делумно ја загубија довербата во СЈО, а сега наеднаш ќе ги снема и „бомбите“. Дали Ахмети и неговите најблиски соработници ќе останат „заштитени мечки“ благодарение на политичкот пазар? Дали ова е жестоката борба против корупција која ја најавуваше власта пред изборите? Зошто СЈО оди под капа на ЈО? Зошто му се одзема независноста на ова Обвинителство?, прашуваат од ГДУ.

Оттаму, додаваат дека СЈО не  ја дозаврши својата работа поради мешањето на партиите во работењето на оваа институција.

OhridNews