Граѓанско Демократска Унија- ГДУ бара од владата да воведе масовното тестирање, што заедно со изолацијата-карантинот, во светски рамки, се основнo оружје во оваа битка со опасниот вирус Ковид-19.
ГДУ предлага зголемување на бројот на тестирани граѓани, вложување на целиот државен капацитет за зголемување на можностите за тестирање на граѓаните, особено во населените места каде што има регистрирано случаеви на Ковид-19. Тестирањето, пробите за тестирање да бидат земени од мобилни тимови по преценка на здравствените работници. Изолирање во карантин со уште построги мерки за контрола на секој заразен, соодветно лекување. Секој кој ќе влезе во државата да биде тестиран и во карантин, соглаМасно мерките кои важат и сега. – стои во партиското соопштение.

Искрено сме растревожени од хаосот кој владее во реториката помеѓу политичките субјекти во Македонија. За наша огромна жал, и во овие тешки моменти, не успеавме како општество и држава да го впрегнеме целиот капацитет и знаење, со цел да се справиме со предизвикот пред нас. Многу малку слушаме конкретни предлози за справување со кризата, особено во насока на безбедноста и здравјето на граѓаните. Имаме длабока убеденост дека економските интереси, како и економските последици од пандемијата, успеаја да го изместат фокусот од основниот приоритет во моментот, а тоа е здравјето на граѓаните. – велат од партијата.
Од Граѓанско Демократската Унија велат дека сега не е моментот за политичко препукување, туку е момент во кој сите кои имаат конкретни идеи, знаење и капацитет, се должни да го впрегнат во оваа тешка битка.
OhridNews












