Општина Струга и оваа година традиционално е дел од националната еколошка акција „Генералка викенд“, која ќе се одржи на 8 мај (петок). Оваа акција, велат од Општина Струга, е можност уште еднаш да се покаже дека грижата за природата започнува од секој од нас.

Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, институции и компании да се вклучат и заедно да придонесеме за почиста и поздрава животна средина, посочуваат.

Збирно место е пред зградата на Општина Струга во 10:00 часот, а во 12:00 часот ќе биде организиран коктел за сите учесници во паркот на Машка плажа.

Струга е наша – да ја чуваме заедно, порачуваат од Општина Струга.

OhridNews