Утре ќе се спроведе генерална акција за чистење на дивите депони на територијата на Општина Охрид.
Ќе се чистат диви депонии мапирани од страна на ЈП „Охридски Комуналец“ на неколку локации во градов. Во организација на Општина Охрид и со поддршка на охридските јавни претпријатија и економските оператори кои соработуваат со локалната власт утре од рано наутро ќе се спроведе целодневна акција за расчистување на дивите депонии на територијата на општината, информираат од Општина Охрид.
Во акцијата, додаваат, ќе бидат вклучени 50 луѓе и механизација , багери, камиони, трактори.
OhridNews












