Во рамки на балканската турнеја, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун денеска ќе допатува во Охрид, каде ќе биде пречекан од Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.
Бан Ки Мун доцна попладне ќе пристине на аеродромот „Св. Апостол Павле“. Тој најпрвин ќе ја посети школата за лидери поддржана од претседателот Иванов, кој во чест на високиот гостин ќе приреди свечена вечера на која ќе присуствуваат и сопругите на двајцата политичари.
Утре рано наутро предвидена е тет а тет средба Иванов –Ки Мун, по што ќе биде одржана заедничка прес конференција.
Како што е најавено, генералниот секретар на ОН, ќе ги разгледа културно историските знаменитости на Охрид, при што ќе ги посети Плаошник, Галеријата на икони и црквите Св. Богородица Перивлепта и Св. Софија, a во знак на сеќавање од претседателот Иванов на подарок ќе добие резба со историски мотиви.
Утре попладне Бан Ки Мун ќе отпатува за Скопје каде ќе се обрати во Парламентот и ќе се сретне со премиерот Никола Груевски.
Во раговорите со државниот врв ќе доминира прашањето за спорот за името, но не се очекува нов конретен предлог од медијаторот Метју Нимоц кој ќе го придружува генералниот секретар на ОН. Според најавите на средбите со Иванов и Груевски, ќе биде отворено и прашањето за грижата за Охрид како светско културно и природно богатство заштитено од УНЕСКО.
Со свеченост денеска беше означен почетокот на изградбата на автопатската делница Букојчани – Кичево, значаен сегмент од Коридорот 8 и уште еден чекор кон целосно автопатско поврзување на Охрид и С...
SPAR го отвора својот прв маркет во Охрид во среда, 14 октомври, во 14 часот, во Охрид мол Брендот што започна како идеја за заедништво во 1932 година ја продолжува својата приказна во Охрид, носеј...
Од денеска, 12 октомври, започнува примената на системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ на подрачјето што го покрива СВР Охрид По завршувањето на техничките проверки и финалните тестирања, ка...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.