Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка по повод 1 Мај- Меѓународниот ден на трудот.

Овој празник не потсетува и укажува на историската борба за работничките права и достоинство на човекот кој со својата чесна работа обезбедува егзистенција за себе и своето семејство. Овој празник е ден на солидарноста на работниците од целиот Свет и истиот е потсетник дека за жал се уште постојат луѓе кои не можат да го остварат едно од основните човечки права – правото на работа. Затоа сите заедно сплотени и единствени настојуваме да изградиме подобар град во кој секој поединец ќе има еднакви можности за достоен живот и социјална правда. – стои во празничната честитка на градоначалникот Георгиески.

 

На 1 Мај 1886 година, во Чикаго, САД, избувнал штрајк на околу 40.000 работници кои истапиле со барањето за осумчасовен работен ден. На Првиот конгрес на Втората интернационала, што се одржал во Париз, во 1889 година било решено секоја година на 1 Мај, во знак на сеќавање на чикашките работници, да се одржуваат масовни демонстрации. Од 1890 година 1 Мај се слави не само во знак на борбата за осумчасовен работен ден, туку како манифестација на класната солидарност на работничката класа во целиот свет.

OhridNews