Празнувањето да го поминеме во радост и среќа со нашите најблиски и да покажеме дека со заедничка вера, љубов и надеж, можеме да се справиме со сите искушенија. Ова меѓу другото го истакна градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, во честитката по повод најголемиот православен празник Воскресение Христово- Велигден.

Во празничните денови во кои го славиме Христовото воскресение, нашите молитви нека бидат посветени за мир, здравје и напредок, заедништво, солидарност и вистинско почитување и уважување. Славејќи ја победата на животот над смртта, да ја поделиме радоста со најблиските, пријателите и слабите на кои им треба помош, а нашите мисли да ги насочиме кон напорите за благосостојбата на секој човек. – истакна во празничната честитка Георгиески.

Георгиески во честитката не ја изостави и актуелната здравствена криза, изразувајќи надеж дека таа ќе биде надмината.

Да си посакаме среќа, здравје и сила за да ја надминеме оваа здраствена криза, да бидеме одговорни и да ги почитуваме новонаметнатите правила, зошто само така брзо можеме да се вратиме во нормалното живеење и да му се радуваме на животот – се вели во велигденската честитка на градоначалникот Константин Георгиески.

OhridNews