Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески, е дел од 81. сесија на Комитетот за урбан развој, домување и управување со земјиште на УНЕЦЕ. Покрај него, на собирот учествуваат градоначалници од повеќе градови од Европа и Балканот, Северна Америка, Централна Азија и Кавказ. Тема на форумот оваа година е: „Активностите на градот за одржлива иднина“.
Во своето обраќање градоначалникот Георгиески се осврна на активностите што Локалната самоуправа ги презема во создавање на одржлива животна средина, инвестирањето во разеленувањето на градот, како и инвестициите во проекти наменети за намалување на загадувањето на животната средина, информира општинската прес служба.

OhridNews












