Кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, заедно со сопругата гласаше на избирачко место 1275 во гимназијата „Св. Климент Охридски“.

Георгиески изрази очекување дека по позитивната и мирна кампања низ која охриѓани имаа можност да ги видат програмите и визиите на кандидатите за иднината на Охрид, граѓаните во голем број ќе излезат на гласачките места да си го остварат своето гласачко право и, како што реч, ќе го изберат правиот пат, градот да продолжи да се развива во посакуваната насока.

OhridNews