„На сите кои поставуваат тезги и урбана опрема на несоодветни места, сакам да им порачам дека толеранција за тоа, ова лето, ќе има нула. Градот повеќе никогаш нема да биде панаѓур“, изјави охридскиот градоначалник Константин Георгиески.

фото: архива

Освен решавање на проблемот со нелегално поставените тезги и урбана опрема, градоначалникот најави измени и на годинешната програма за поставување урбана опрема која ќе се разгледува на наредната седница на советот закажана во четврток.

  • Градот дали ќе наликува на циркус зависи прво од совеста и волјата на охриѓани да Охрид повеќе не биде панаѓур. А, потоа тоа зависи и од нашите служби, колку ние ќе успееме оваа година да се спротиставиме на самоволието и дивеењето на одредени лица кои узурпираат јавни површини, без да имаат одобрение и да се во програмата за поставување урбана опрема, рече Георгиески.

Во текот на велигденските празници биле евидентирани низа вакви примери на бесправно поставување тезги при што, како што информира Георгиески, надлежните веднаш реагирале.

OhridNews