Нашата цел е Охрид да биде град со најдобар стандард за образование во нашата држава. Продолжуваме со инвестиции во сите училишта и ги подобруваме условите за учениците, вели кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Константин Георгиески.

Во претстојниот мандат предвидуваме изградба на нови објекти на основните училишта „Григор Прличев“ и „Братство Единство“, комлетна реконструкција на гимназијата „Свети Климент Охридски“, проекти за поддршка на дуалното образование, иницијатива за отворање на нови паралелки во медицинските струки и многу други инвестиции, вели Георгиески.

Работиме според приоритетните потреби и обезбедуваме реконструкција на објектите и набавка на училишна опрема за сите основни и средни училишта. Создаваме услови за воспитување и образование во сите делови на градот, обезбедуваме квалитетно образование достапно за сите, додава Георгиески.

 

OhridNews